Посочените лица се блиски соработници на претседателот Мицкоски колку на Ковачевски што му е близок соработник Илон Маск, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ откако лидерот на партијата беше обвинет од СДСМ дека седи на маса со дилери и лица фатени со дрога.
Ако имало било што незаконски во фотографијата во која има некое си лице, велат од ВМРО-ДПМНЕ, убедени сме дека Спасовски ќе го решеше однапред и едвај чека да најде нешто сомнително, но реалноста е дека ниту има такво нешто, туку се прави театар за јавноста да се покријат сопствените слабости.
-Единствената фабрика за марихуана која ВМРО-ДПМНЕ ја знае, а која што истовремено и на јавноста и е позната се оние фабрики кои растат во Струмичкото поле и кои се во посед на фамилијата која ја поседува СДС. Кампањата за тоа кој со кого се сретнал може да ја започнеме со нарко кланот од Грчец , турскиот мафијаш Седат Пекер, кој иако претходно протеран од државата доби македонски пасош со лажен идентитет во македонска полициска станица. Кампањата за тоа кој со кого се сретнал може да ја започнеме со нарко кланот од Грчец , турскиот мафијаш Седат Пекер, кој иако претходно протеран од државата доби македонски пасош со лажен идентитет во македонска полициска станица, стои во партиската реакција на најголемата опозициска партија.
Владеачката партијата денеска објави фотографија на која Мицкоски седи на иста маса со „М.А од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога“.
Од партијата на власт објавија и фотографија од повеќе лица, меѓу кои се Мицкоски и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
-Акцијата на полицијата е од 3-ти декември оваа година, а токму со возилото на лицето М.А со кое седи Мицкоски била превезувана дрога вредна 120.000 евра. Што бараат Мицкоски и Милошоски, на иста маса со лица од подземјето, кои биле дел од меѓународен синџир за шверц на дрога, прашуваат од СДСМ.
Во партиското соопштение се додава дека „многу бело се насобра околу ДПМНЕ“. Ова следува откако вчера беше обелоденето дека член на МК на ВМРО-ДПМНЕ од Пештани и просветен работник бил фатен со дрога во кафуле во Охрид.