ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Димитров и Османи му го продолжиле претстојот на Миленковски во Виена?

од Nikola Popovski
274 прегледи

Малиот Васев треба да го праша Оливер Спасовски зошто неговите пиони во МВР го криеле предметот на Миле Миленковски од Наќе Чулев. А потоа да ги праша Димитров и Османи зошто не го разрешиле, туку напротив и му го продолжиле престојот во Виена, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на последното соопштение на владеачката СДСМ во врска со македонскиот дипломат кој се наоѓа во притвор во Србија.

Според нив, Спасовски, Димитров и Османи треба да кажат и дали тие учествувале во најмување на приватниот авион со кој што е извлечен ерменскиот тајкун од Ерменија, и дали дале и дополнителна поддршка.

-Миленковски само е копија на браќата и братучеди Заеви, чии имиња снемува од кривични пријави, и никој не понесува одговорност, Ден Дончев кој видоа сите како става туце пари во ташна, Драги Рашковски кој ја злоупотреби функцијата за млатење милионски тендери, Петре Шилегов кој гради згради дивоградби и луксузни хациенди и секој еден криминоген функционер на оваа власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно СДСМ соопшти дека вистината е сосем поинаква од она што се обидува да го прикаже ВМРО-ДПМНЕ.

-Миле Миленковски, сега притворен во Србија по потерница од Ерменија, во 2009 година е испратен во Детроит, САД, со решение од Антонијо Милошоски, вели Стефан Васев од СДСМ

Тој објаснува дека по четири месеци, Миленковски повторно со ова решение од Милошоски бил пратен во амбасадата во Вашингтон.

Слични содржини