ВМРО-ДПМНЕ:Итна седница во О.Центар,скандал со Паркинзи

од desk3

 

„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ поднесе барање за итна седница на Советот на Општина Центар на која што ќе се дискутира за последниот скандал кој ја вознемири јавноста. Скандалот во кој Директорот на Паркинзи на општина Центар и неговиот заменик си делеле плати кои се надвор од здравиот разум. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе инсистира на одговорност. Ниту директорот Саша Богдановиќ заслужува плата од неверојатни 2000 евра, ниту неговиот заменик Вангел Андрески заслужил 1500 евра.

вмро дпмне

Вчера најскапоплатениот директор во земјава Саша Богдановиќ, без трошка срам и без грам совест, најави дека ќе поднел тужба заради злоупотреба на лични податоци. Со тоа Богдановиќ призна дека овој документ е точен. Богдановиќ призна дека себе си се наградил со плата од 2000 евра, а својот заменик го наградил со 1500 евра. Со тоа Богдановиќ покажа каков е ставот на СДСМ кон граѓаните. Богдановиќ јасно им порача на граѓаните „јас можам да си ги делам парите на граѓаните како што сакам и колку сакам, а Вие за тоа ниту смее да знаете, ниту смее да се интересирате“.

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ доби 30 дена да ја сруши терасата на штабот, ако не О. Центар ќе ја руши со полиција…

Господине, најскапоплатен Директор, со вашите закани нема да заплашите никого. Вие им должите одговор на граѓаните со што заслуживте 2 000 евра месечно и колку според вас е доволно за да се задоволат вашите апетити и апетитите на вашите партиски соработници?

Паркинзи на Општина Центар за само две години од страна на Жерновски и неговиот скапо платен тим е претворен во приватна фирма. По партиско-роднинска релација во претпијатието се вработени 67 лица. Кумашини, ќерки, кандидати за советници и бивши советници се само дел од кадрите со кои Жерновски и Богдановиќ го оптоварија претпријатието“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини