350
ВМРО-ДПМНЕ на Груевски и ДУИ беа мајстори за таа предизборна кампања и после неа, вели поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во гостувањето на емисијата „Клик плус“.
Според него, двете партии пред секои избори се разгорувале максимално во поглед на реториката, а после изборите си правеле влада, како ништо да не се случило.
-За мене како политичар кој не „паѓа“ на пропаганда или реклама, најкултурно би било доколку во минатото со некого си бил четири години во коалиција, на изборите треба да се однесуваш рационално и нормално, истакна Георгиевски.