ВМРО-НП: Мафтањето со карти на „Голема Бугарија“, директно ги поништува сите договори

од Берта Китинска
482 прегледи

ВМРО-Народна партија најостро реагира на мафтањето со карти на „Голема Бугарија“ во која се искажани територијални претензии кон Северна Македонија.

„Сметаме дека покажувањето на вакви карти за жал директно ги поништува сите договори потпишани помеѓу двете држави за добрососедство. Во таа насока, жалиме што се потврдува дека некои политички партии кај нашиот источен сосед веќе неколку месеци на груб начин го инструментализираат македонското прашање во строго партиско-изборни цели кои, пак, за жал, овие политичари не гледаат дека со ваквите постапки нанесуваат трајни последици помеѓу двете држави и емоцијата на двата народи“, се вели во соопштението од партијата на Љубчо Георгиевски.

Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов, празникот на жената го искористи за нова провокација кон нашата земја.Тој на социјалните мрежи објави фотограгија на т.н голема Бугарија на која се наоѓа и територијата на Македонија.

Слични содржини