ВМРО-Народна партија во насока на допрецизирање на условите за одржување фер, демократски и кредибилни предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 11 Декември оваа година, предлага:

На гласачкото ливче покрај досега стандардно утврдените законски прописи за неговата форма и содржина, каде што стојат името и логото на политички партии и коалиции, задолжително да се додаде и можноста: „НЕ ГЛАСАМ ЗА НИКОЈ“
ВМРО-Народна партија смета дека со оваа можност реално ќе се види колкав е бројот на граѓани кои не веруваат во ниедна политичка опција, а притоа ќе се одбегне можноста да бидат обележани дека не гласале, а со тоа и да не бидат изложени на притисок од големите политички партии. Со ова големиот процент на неважечки ливчиња кој се движи помеѓу 3 – 4% од вкупниот број на излезени гласачи, значително ќе се намали. Исто така, целосно ќе се елиминира и можноста, членовите на гласачките одбори при броењето на гласови со едно пречкртување на важечкото гласачко ливче да го претворат во неважечко, со што се има директно влијание на крајниот резултат на гласањето.
ВМРО-Народна партија укажува дека ваквата пракса долги години наназад успешно се применува во многу држави во Европа и светот при спроведувањето на изборите.