Внатрешноста на Универзална изгоре, новата конструкција како нечепната

од Nikola Popovski

Новата конструкција на Универзалната сала остана нечепната по пожарот кој ја зафати утрово, што е потврда дека проектот за реконструкција е целосно безбеден.

Изгоре дел од старата конструкција и внатрешност која секако е дел од проектот за реконструкција. Имено, за реконструкција на салата е вграден челик кој е противпожарен и може да издржи температура од 1.600 степени.

На крајот на минатиот месец, беше поставена нова купола на Универзалната сала, со започнувањето на реконструирањето на објектот, од страна на Министерството за култура кое ја презема од Град Скопје.

Претходно, градоначалничката Данела Арсовска ги стопираше градежните работи, кои беа почнати додека градоначалник беше Петре Шилегов.

Се поставува прашањето, за преземање на одговорност што 2 години проектот стоеше отворен и што реконструкцијата стоеше во место.

Слични содржини