Внимание-Исчезнато лице!

од Vlatko K
139 прегледи

Почитувани,

Ви ги испраќам податоците за господин Алибен,  кој исчезна во петокот на 1ви февруари 2019 година.
Семејството и пријателите се во неуморна потрага насекаде веќе трет ден.  Господинот Алибен не зел ништо со себе, ниту телефон ниту пари. Семејството моли за помош бидејќи не знаат како да допрат до него.
Знаеме дека политиката на телевизиите не објавува исчезнати лица, но искрено ве молиме доколку би можеле да помогнете со било каква објава која би можела да послужи за драгиот сопруг, татко и дедо го вратиме во топлите прегратки на семејството.
Јавете се на посочените телефони на фотографијата, до колку дознаете какви било информации.