Внимателно со нив! 5 хороскопски знаци кои се склони кон изневерување

од Vladimir Zorba

Иако астрологијата не е егзактна наука, се верува дека некои хороскопски знаци се повеќе склони кон прељуба од другите. Станува збор за одредени типови на карактери кои попрво ќе се скршнат од патот и ќе ја бараат среќата во друг двор. Во прашање се следните знаци, наведува „Астроток“.

1. Близнаци

Близнаците често се поврзуваат со двојна личност. Иако се познати шармери, духовити и прилагодливи, нивната немирна природа понекогаш може да ги наведе да бараат возбуда надвор од врската. Нивната вродена љубопитност ги прави поподложни на искушенија.

2. Стрелец

Стрелците се авантуристи и ја сакаат слободата пред се друго. Ја ценат искреноста, но и независноста, а стравот од преданоста и склоноста кон експериментирање може да ги одведе на погрешен пат. Лесно влегуваат во нови искуства, тешко ги прифаќаат ограничувањата на моногамијата, па возбуда бараат во нови љубови.

3. Овен

Овенот, првиот знак на Зодијакот, се карактеризира со својата огнена и наметлива природа. Иако се страствени и многу лојални во врските, нивните импулсивни тенденции понекогаш може да ги наведат да дејствуваат „во моментот“ без да размислуваат за последиците. Потребата за освојување и возбуда ги наведува да бараат забава надвор од бракот или врските.

4. Скорпија

Скорпиите се карактеризираат со интензивни емоции и магнетна привлечност. Иако тие се длабоко лојални и посветени партнери, нивните посесивни тенденции и стравот од ранливост понекогаш може да се манифестираат како љубомора или недоверба. Тогаш несигурноста ги принудува да бараат потврда однадвор, што е увертира за потенцијалната прељуба.

5. Лав

Лавовите се полни со самодоверба и многу харизматични. Иако се дарежливи и лојални партнери, нивната желба за внимание и ценење од другите понекогаш ги наведува да го бараат својот „фан“ надвор од врската. Постојаната желба за одобрување и восхит ги наведува да флертуваат и на крајот да направат прељуба.

Слични содржини