Актуелно
Почетна / Магазин / Внимавајте, алтернативните гинеколошки лекови може да бидат многу опасни

Внимавајте, алтернативните гинеколошки лекови може да бидат многу опасни

Во одредени случаи кога здравјето ни е нарушено алтернативните лекови може да бидат одлична прва помош, но тоа не е случај кога се во прашање гинеколошки проблеми.

Посетата на гинеколог не смее да биде табу за ниту еден претставник на женскиот род, многу подобро е да се „пресрамите“ и да го решите проблемот на правилен начин, наместо да пробувате со непроверени алтернативи после кои секако ќе бидете принудени на таков преглед.

Кога се гинеколошките проблеми во прашање, постојат неколку популарни меѓу луѓето лекови, кои всушност се премногу опасни, а ова се само дел од нив:

1. Чешне лук завиткано во газа и вметнато како тампон, против кандида – кандидата се контролира само со соодветна антимикотна терапија.

2. Тампон потопен во кантарионово масло – на овој начин само ја зголемувате шансата за токсичен шок, бидејќи ова масло сигурно не е стерилно чисто.

3. Кока-кола за контрацепција – постои верување дека кока-колата ја намалува ПХ-вредноста во вагината и дека се намалуваат шансите за оплодување, но вистината е дека за да спречите бременост, треба да користите од проверентие контрацептивни методи.

4. Испирање со вода и сода бикарбона – ако е потребно да се прочисти вагиналниот канал, гинеколозите исто така имаат начин да го направат тоа, наместо вие дома, во небезбедни услови.

Запомнете, многу е опасно да користите било кој од наведените алтернативни лекови или пак, кој и да е друг кој ви го препорачале. Не ризикувајте да се доведете самите себе во опасност и однесувајте се одговорно кон репродуктивниот систем.

loading...