Внимавајте: Змии шетаат во центарот на Скопје

од Берта Китинска
407 прегледи

На неколку локации во Скопје, во изминативе  денови се забележани змии како лазат по тротоари, низ трева.

На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии направени на кејот во центарот на Скопје, во непосредна близина на зградата на Основното јавно обвинителство.

Луѓето на социјланите мрежи коментираат дека змии има низ повеќе населби во Скопје

– Внимавајте и на стазата на Кеј. Вчеравечер во 19 ч. ќе згазев три змии на стаза, пишува во еден коментар на социјалните мрежи.

Денеска општина Карпош информираше дека по спроведената редовната дезинсекција и дератизација, како и акција за спречување на појава на влекачи по населените места се поставува „Репелент” – средство за превенција, односно заштита од змиите.

-Службите поставуваат „Репелент” во Жданец, Трнодол, околу градинките и детските игралишта.Средството е безопасно за луѓето, животните и околината, а ја намалува појавата на влекачи.Истите се појавуваат во повисоките места и долж Вардар, каде што вегетацијата е распространета, информираат од општина Карпош.

Слични содржини