Внук на Ескобар открил тајно скривалиште на нарко босот: Пронашол 18 милиони долари, а потоа зажалил (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Внук на покојниот лидер на колумбискиот нарко картел, Пабло Ескобар, Николас Ескобар, открил едно од неговите скривалишта со 18 милиони долари.

Николас Ескобар рече дека скривницата била во неговата куќа во Меделин, градот каде што владеел познатиот наркобос и имал свои штабови.

Како што вели, му се „привидело“ по што отишол до одреден дел од куќата каде открил залиха во смрдлива пластична кеса.

Децениските банкноти биле во толку лоша состојба што биле неупотребливи.
Во торбата имало и грутка злато, уреди за комуникација, записи, машина за пишување, пенкало и камера со филм што не може да се развие.

Приказни за скривалиштата на Ескобар сè уште кружат во Меделин.

Николас Ескобар, синот на братот на Пабло, Роберт, е горд на својата врска со нарко босот и вели дека веќе пронашол неколку скривалишта.

Еден од најбогатите криминалци во историјата, Пабло Ескобар, имал милијарди долари годишен приход.

Тој е обвинет за околу 6.000 убиства, а убиен е во 1993 година во Меделин кога имал 44 години.

Слични содржини