Внуките на Лејди Дајана го одземаат здивот во нивните прекрасни летни комбинации (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
558 прегледи

Лејди Амелија и Лејди Елиза Спенсер, внуките на Лејди Дајана, се омилена мета на фотографите, па повторно привлекоа погледи на отворањето на „flagship“ на луксузниот бренд Swaine на елитна локација во Лондон.

Русокосите близначки секогаш привлекуваат внимание, па овојпат беа во центарот на вниманието во прекрасни летни фустани со макси должина.

Елегантната чипкана тоалета на Елиза со смарагдно зелена боја и одговараше совршено, додека нејзината сестра Амелија беше неверојатна во лелеава креација со дискретен цветен принт.

Амелија и Елиза, кои се преселиле од Кејп Таун во Лондон во 2021 година, се ќерки на братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер и неговата прва сопруга Викторија Ејткен.

Слични содржини