📸 Фустан на принцезата Дајана продаден за рекордна сума, дури 11 пати поголема од очекуваната

од Stefanija Kuzmanovska

Вечерен фустан кој славната принцеза Дајана го носела во 1985 година се најде на аукција каде што бил продаден за вртоглава сума на пари.

Според People, станува збор за аукцијата „Џулијан“ во Холивуд, а фустанот бил продаден за рекордни 1.148.000 долари. Со ова е поставен нов рекорд, бидејќи споменатото парче облека е најскапо продаден фустан што го носела принцезата Дајана.

Имено, на почетокот се проценуваше дека некој ќе го купи за околу 100.000 долари, што значи дека цената за која всушност е продаден е 11 пати поголема од очекуваната.

Необичниот фустан е изработен од ткаенина која лично ја избрал светски познатиот трговец со текстил Јакоб Шлефер.

Според извештаите, принцезата Дајана за првпат го облекла овој фустан во Фиренца во 1985 година, а потоа во Ванкувер следната година.

Досега најскапиот фустан кој го носела принцезата Дајана беше фустанот изработен од Виктор Еделштајн, кој беше продаден за 604.800 долари. Принцезата го носела ова парче во 1991 година.

Слични содржини