Во 11 средни стручни училишта во Скопје ќе бидат отворени 25 паралелки за дуално образование

од Берта Китинска
275 прегледи

Средното училиште „Владо Тасевски” е прво меѓу стручните во Скопје во кое минатата година е воведен концептот за дуално образование.

Во СУГС „Владо Тасевски” се едуцира кадар од електротехничката, машинската и сообраќајната струка. Новина годинава е што имаат соработка со Македонски железници – Инфраструктура и во сообраќајната струка ќе биде воведена дуална паралелка која ќе работи по истиот принцип како тие што постојат.

-Во учебната 2021/2022 година во 11 средни училишта во нашиот град ќе се отворат 25 паралелки кои под мотото „Учи паметно, работи стручно“ им овозможуваат на средношколците во самиот образовен процес да добијат доволно стручна надградба. Станува збор за производство на кадри на пазарот на трудот коишто се сериозно дефицитарни. Уште од самиот почеток, тие што ќе се определат за дуална настава стануваат стипендисти на компаниите кои се соработници на Министерството за образование и наука и на Градот Скопје и преку стипендијата, односно остручувањето на учениците им се гарантира и вработување веднаш по завршувањето на средното образование. На овој начин сакаме да ги поттикнеме младите во Скопје стручно да се образуваат за да бидат конкурентни на пазарот на трудот и на добро платени работни места, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Слични содржини