“Во 2015 година криминалците од шверц на луѓе заработиле помеѓу 2 и 4 милијарди фунти (3-6 милијарди долари), објави директорот на Европол Боб Вајнрајт.

Според него нелегалното пренесување на мигранти носи иста добивка како шверцот на дрога. Околу 90% од пристигнатите бегалци во Европа за услуга им плаќаат на посредници.
Знаеме дека секој мигрант плаќа од 3.000 до 6.000 долари. Од простата математика гледаме дека тоа се огромни пари заработени само за година, забележува Боб Вајнрајт.
Во 2015 година Европол има поднесено над 10 000 пријави за осомничени за шверц на луѓе.