Во Америка хоспитализирани рекорден број деца заразени со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Бројот на деца заразени со коронавирусот и хоспитализирани во Соединетите држави вчера достигна рекорд, нешто повеќе од 1.900, додека болниците ширум југот го проширија својот капацитет за борба против делта сојот.

Делта сојот, кој брзо се шири меѓу невакцинираниот дел од американската популација, предизвика скок на хоспитализациите во последните недели, зголемувајќи го бројот на пациенти на педијатрија на 1.902, објави американското Министерство за здравство, пренесува „Хина“.

Децата во моментов сочинуваат околу 2,4 проценти од хоспитализациите во земјата поради ковид. Оние на возраст под 12 години немаат право на вакцина, што ги прави поподложни на инфекција со делта сојот.

Според Центрите за контрола на болести (ЦДЦ), рекорден број на нови пациенти на возраст од 18-29, 30-39 и 40-49 години биле хоспитализирани оваа недела.

Остриот пораст на нови случаи ги зголеми тензиите меѓу конзервативните државни водачи и локалните области околу тоа дали децата ќе мора да носат маски на училиште кога ќе се вратат во училниците.

Слични содржини