Челзи нема да ја искористи можноста да го купи аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуин, пишува
„Дејли Мејл“.

31-годишниот Игуаин игра на „Стемфорд Бриџ“ од јануари на заем од Јувентус, но од спортскиот и
техничкиот штаб на „сините“ не се задоволни со неговите игри.
Аргентинецот постигна 7 гола и 2 асистенции во 23 натпревари, но во голема мера не успеа да ги
исполни очекувањата.