Претседателот Стево Пендаровски стави потпис на новото законско решение за попис.
„ Процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата.“ ,соопштија од кабинетот на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пописот ќе биде политичка а не стастистичка операција, велат од опозицијата.
„ Се погласни се реакциите во општеството дека пописната операција ќе биде израз на политички договор наместо на статистичка спроведена операција, а тој момент се темели врз начинот на кој што ќе се води операцијата, без приложени документи, без јасно дефинирање кој ги дава податоците, како и на крајот, врзаниот потпис меѓу двајца именувани функционери од партнерите во власта.“ – изјави Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ велат дека пописот е важен за развојот на државата.
-Прашањето на пописот е премногу важно за развојот на државата и не смее да се прекине поради политичките хирови на неспособниот Христијан Мицкоски или негови блиски поединци во ВМРО-ДПМНЕ.Тие секогаш и во се’ ќе најдат причина да блокираат и опструираат. Тоа го видовме и во изминатите 3 години, секогаш делуваат спротивно на интересите на граѓаните и на државата.Постојано подбуцнување на конфликти во секоја можна прилика и блокади, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
За ДУИ нема дилема дека Албанците ќе бидат над 25 отсто. На опозицијата и порачаа да не го опструира законот, бидејќи со тоа не придонесува за доброто на државата.
„Спорец бројот на ученици, по наталите и по многу фактори Албанците ќе бидат над 25 отсто . Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис. Нема потреба од такви дилеми. Пописот е статистичка операција, значи треба да се утврди бројката во нашата држава и тоа е добро за наредните стратегии и развој, да имаме точна бројка било за економски параметри, било за друга природа.“ – изјави Изет Меџити од ДУИ.
Пописот на населението ќе се спроведе од 1-ви до 21 април оваа година.