Во Арачиново се плаќа данок, но процентот е мал, тврди Заев

од Nikola Popovski
583 прегледи

„Во Арачиново се плаќа данок, но процентот е мал.Таму има многу често има израз и на насилство кога се бара да се наплати данокот на имот и треба да се стави ред и поредок. Тоа е изворен приход на општината и треба да го направи. Општина Арачиново никогаш не се развивала така, како од 2017 се развива. Но, за жал најмногу со државни пари“, изјави премиерот Зоран Заев во интервјуто за ТВ Сител, на новинарско прашање во однос на неплаќањето данок на имот во Арачиново.

Според премиерот во градските општини многу полесно се наплаќа данокот отколку во руралните.

„Јас апелирам до граѓаните, тоа не се многу пари, еднаш годишно се плаќа, да си ги плаќаат давачките и кон државата, а и кон општините“, рече Заев.

Општина Центар е локалната самоуправа со најголема сума од наплатен данок на имот 2,3 милиони евра, покажува студијата на Центарот за граѓански комуникации, додека Арачиново е единствената без ниту еден денар од овој начин на финансирање затоа што нема даночно одделение.

Слични содржини