Во авион хомосексуална двојка морала да и ослободи место на хетеросексуална двојка

од desk2
106 прегледи

Американската авиокомпанија „Аласка ерлајнс“ се соочи со критики на социјалните мрежи откако хомосексуална двојка морала да го отстапи местото на хетеросексуална двојка на летот од Њујорк до Лос Анџелес. 

„Сиетл тајмс“ објави дека Дејвид Кули седел со својот партнер, кога од него било побарано да се помести за хетеросексуалната двојка да седи заедно. Кули рекол дека и тие двајца се двојка и сакаат да седат заедно, но агентот на „Аласка ерлајнс“ инсистирал да се помести или да го напуштат авионот, по што тие за Лос Анџелес заминале со авион на друга авиокомпанија.

Весникот информира дека геј двојката подоцна го прифатила извинувањето на авиокомпанијата, која наведе дека дошло до грешка околу местата за седење.