Во Австралија дозволија пратеничките да ги дојат бебињата во Парламентот

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Австралиската влада направи промена во правилата, и на тој начин им овозможи на пратеничките да ги дојат своите бебиња во парламентот.

2110989114

Промената на правилата во Претставничкиот дом, усвоена на почеток на годината, значи дека пратеничките ќе можат да бебињата да ги носат со себе во салата.
Досега пристапот на децата беше ограничен само до местата за публика и до кабинетите.

Од 150-те членови на Долниот дом на парламентот 40 се жени, а три од нив се родени бебиња од март 2015 година.

Ниту една од мајките сепак не пројави желба да ја искористи можноста по усвоената промена со која Владата сака да направи политиката повеќе наклонета кон семејството.