Во Белата куќа потпишан е уште еден историски договор (видео)

од Nikola Popovski

Денеска во Вашингтон беше потпишан историски договор за воспоставување дипломатски односи на Израел со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Договорот во име на Израел го потпиша премиерот Бенјамин Нетанјаху, а ОАЕ и Бахреин беа претставени министрите за надворешни работи.

Покрај индивидуалните билатерални договори меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин, трите земји потпишале и трилатерален документ.

Документите се нарекуваат „договорите на Абрахам“, а ги потпиша и Трамп во својство на сведок.

Голем број гости присуствувале на свечената церемонија во Белата куќа, јавуваат американските медиуми.

Слични содржини