Во Белград поднесена првата приватна тужба против НАТО поради бомбардирањето

од Stefanija Kuzmanovska
491 прегледи

Адвокатот Срѓан Алексиќ ја поднесе првата индивидуална приватна тужба против НАТО во Високиот суд во Белград денеска за барање за надомест на штета поради заболувања по бомбардирањето со осиромашен ураниум и рече дека граѓаните на Република Српска и БиХ кои заболеле од рак треба да ги заштитат своите права на ист начин.

Алексиќ изјавил дека тужбата е поднесена од активен офицер на Српската армија кој се здобил со тешка форма на рак, а за време на бомбардирањето во 1999 година, тој престојувал во областа на сегашната копнена безбедноста зона во јужна Србија, која била погодувана речиси секој ден со муниција со осиромашен ураниум.

„На ист начин како што мојот колега Анџело Тартаља, адвокат од Рим, застапуваше италијански војници и цивили кои беа на Косово и Метохија, и кој веќе доби 181 пресуда, така и ние поднесуваме тужби во име на офицери, војници на воена служба , полицајци и воени резервисти кои престојуваа на Космет и кои оттогаш заболеа од некаква форма на рак“, објасни Алексиќ.

Тој смета дека граѓаните на Србија, чие право на живот е повредено, затоа што заболуваат од осиромашениот ураниум што беше фрлен во нелегалната агресија на НАТО во 1999 година, ги имаат истите права како и граѓаните на Италија.

Алексиќ навел дека тужбата содржи докази од Соединетите држави, Светската здравствена организација, за канцерогените влијанија на осиромашениот ураниум, домашната и странската судска практика и пресудите.

„Ние веруваме дека нашиот суд, кога ќе ги спореди целата судска пракса и докази, сигурно ќе донесе фер одлуки, како што се донесени од судот и судиите во Италија. Ќе побараме најмалку околу 100.000 евра за секој пациент со рак, а во Италија е многу повеќе, сметајќи го тоа за минимум“, рече Алексиќ.

Слични содржини