Најстудено утрово беше во Берово каде беа измерени – 6 степени, во Маврови Анови, Битола, и Демир Капија – 3, во Скопје-Петровец, Штип, Крива Паланка, Прилеп и Струмица – 2, во Охрид, Велес и Попова Шапка – 1, во Гевгелија, Кавадарци и Претор 0, во Тетово, Виница и Скопје-Зајчев Рид еден, во Крушево два и во Дојран четири степени.
Најмногу снег има на Попова Шапка и тоа само седум сантиметри.
Во текот на ноќта од север се прошири променливо наоблачување. Утринава има мала до умерена облачност претежно во североисточните делови од земјата.
Времето денеска во северните и источните делови ќе има зголемена облачност, а во останатите делови ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува претежно северен ветер кој од пладневните часови наместа долж Повардарието ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени.
Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а потоа облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 16 степени.