Во Битола изложба „Уште поблиска Унија“

од Vladimir Zorba
78 прегледи

   По повод 60 години од потпишувањето на Римските договори денеска во Битола ќе биде отворена изложбата „Уште поблиска Унија“ во организација на Делегацијата на ЕУ и Амбасадата на Италија во Скопје.

На 25 март 1957 година во Рим беа потпишани два договора се кои се поставени основите на денешната ЕУ. Потписнички на договорите беа шест држави: Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција.

Со првиот договор беше создадена Европската економска заедница (ЕЕЗ), а со вториот – Европската заедница за атомска енергија (Евроатом). Ова се првите меѓународни организации засновани на принципот на наднационалност, по создавањето на Европската заедница за јаглен и челик неколку години порано. Договорите стапија  во сила на 1 јануари 1958 година.

Изложбата „Уште поблиска Унија“ е организирана од Историскиот архив на Европската унија во рамки на Институтот на Европскиот универзитет и се базира на архивски документи и фотографии од Историскиот архив на ЕУ, Дипломатскиот историски архив на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и архивот на АНСА.

Поставката ќе биде отворена во Центарот за култура во Битола./миа