Во Битола одржана „контра-Парада на гордоста“: „Ние сме за морални вредности, за традиција, семејство“

од Vladimir Zorba
329 прегледи

„Вистинска парада на гордоста“ денеска е одржана во Битола – контра-парада на денешниот „Прајд“ одржан во Скопје.

Собирот на учесниците почна на плоштадот Магнолија во 19:30 часот, од каде маршот се упати низ Широк сокак до паркот.

– Вистински вредности на македонското општество се: домот, семејството, бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, родителите – мајката и таткото и децата! Ова се Божји вредности, од Бога нам луѓето дадени! Во духот на нашата православна христијанска вера, по нив треба да ги воспитуваме нашите деца и идните генераци, – се вели во пораката од организаторите.

Пред битолчани се обрати Игор Петковски, кој како изјавил, како организатор „се јавува без да има зад себе некое здружение, туку се води од неговите убедувања, пред се верски, односно православни“.

-Нашите барања се да не се финансираат геј паради од државниот буџет, зашто најголемиот дел од народот, православен и од другите верски заедници, не го одобрува тоа. Ние сме за морални вредности, за традиција, семејство и најважното сигурна и загарантирана иднина“, изјавил тој.

ФОТО: Битола Њуз

Слични содржини