Во Битола пронајден цел арсенал гранати од Првата светска војна

од Nikola Popovski
22 прегледи

При градежни работи во Битола, пронајдени се 206 артилериски гранати од 75 милиметри кои датираат од Првата светска војна.

Арсеналот бил пронајден во понеделникот, а на местото веднаш пристигнале надлежни екипи. Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.

-На 24.02.2025 во 11.22 часот во СВР Битола, В.С. пријавил дека при изведување градежни работи на ул.„Батаљон Стив Наумов” во Битола биле пронајдени 206 артилериски гранати калибар 75 мм, кои потекнуваат од Првата светска војна, стои во соопштението од полицијата.

Слични содржини