Во близина на Атина пожарите сe уште горат

од Берта Китинска
195 прегледи

Грчките пожарникари се уште се борат со големи пожари во областа Вилија во западна Атика.

Стотици грчки пожарникари учествуваат во напорите за локализирање на пожарот, со помош на полските колеги и со поддршка на 24 авиони, а повторното палење се случи во вторникот, откако пожарот во понеделникот ја зафати областа Агиос Георгиос

Од оваа област беа евакуирани вкупно четири населени места и дом за стари лица, чии корисници беа пренесени во болницата Агиа Варвара во западна Атика.

Градоначалникот на Мандре, Христос Статис, изјави за „Катимерини“ дека постојат силни индикации дека пожарот бил подметнат од пиромани.

Во текот на изминатите неколку недели, проследено со високи температури на воздухот низ цела Грција, регистрирани се повеќе од 500 пожари, најголеми на островот Евија.