Во Боцвана пронајден третиот најголем дијамант во светот

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Компанијата за обработка на дијаманти „Debswana“ објави откривање на скапоцен камен од 1.098 карати, трет по големина дијамант во светот.

Компанијата го покажа дијамантот што беше пронајден на 1 јуни на претседателот на Боцвана, Могветси Масиси, пишува „Гардијан“.

-Веруваме дека ова е трет по големина дијамант во светот. Тоа е редок и извонреден камен. Тоа носи надеж на нацијата што минува низ тешки времиња, рече Линет Амстронг, директор на „Debswana“.

Најголемиот дијамант во светот, „Cullinan“, кој е од 3.106 карати, е пронајден во Јужна Африка во 1905 година. Втор по големина е „Lesedi La Rona“ со 1.109 карати, откриен во североисточна Боцвана во 2015 година.

Боцвана е водечки африкански производител на дијаманти.

Слични содржини