Во Бразил над четири милиони заразени со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Во последните 24 часа во Бразил се регистрирани 43.773 новозаразени со коронавирус, со што вкупниот број се искачи на повеќе од четири милиони, односно 4.041,638, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Во последното деноноќие од Ковид-19 починале 834 лица, односно 124.614 од почетокот на пандемијата.

Бразил е најтешко погодена земја во светот после САД.

Слични содржини