Во Брисел почнува состанокот на министрите за одбрана на НАТО, главна тема војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Во Брисел денеска почнува дводневен состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

Ова ќе биде прв состанок на министрите за одбрана по самитот на НАТО во Мадрид во јуни и прв на кој ќе присуствуваат Финска и Шведска како земји поканети да се приклучат на Алијансата.

Како што е најавено, министрите за одбрана и началниците за одбрана од речиси 50 земји ќе разговараат за војната во Украина и, како што рекоа, ќе продолжат со блиска координација за да му се обезбедат на украинскиот народ потребните средства за одбрана на својата суверена територија.

Смит: Министрите на НАТО се фокусираат на потребите на Украина за вооружување

Амбасадорката на САД во НАТО Џилијан Смит најави дека на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО фокусот ќе биде на потребите на Украина во однос на вооружувањето и дека се надева оти земјите членки ќе кажат дека можат да обезбедат воена, економска и хуманитарна поддршка на теренот.

Смит истакна дека НАТО не треба да биде дел од оваа војна и додаде дека барањето на Киев од почетокот на конфликтот било да се затвори небото над Украина.

Слични содржини