Велика Британија денес објави дека уште 50 лица починале од коронавирус, што е најголем број на смртни случаи од оваа болест од април, пренесува Ројтерс.
Бидејќи владата се подготвува да ги укине скоро сите мерки на 19 јули, денес се регистрирани нови 36.660 случаи, покажуваат официјалните податоци.
Од почетокот на пандемијата во Велика Британија, регистрирани се близу 5,2 милиони случаи, а починале 128 481 пациенти.