Во Бугарија е фатен Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешковски

од Nikola Popovski

Поранешниот специјалец во МВР, Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски е фатен денес во Софија, информираат од МВР.

По апсењето од бугарската полиција, Спасов ќе биде во екстрадициски притвор, а македонското Министерство за правда ќе треба да почне постапка за негова ектрадиција.

Спасов беше пуштен од затворот „Идризово“ во 2018-та година поради лекарски вешти наоди дека морало врз него да се извршат две хируршки интервенции. Во затворот требал да се врати на 18 октомври, но наместо тоа избега.

Поранешен припадник на „Тигрите” беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор.

Полицискиот поранешен специјалец тврдеше дека не го убил Нешкоски и дека е подготвен тоа да го докаже со полиграфско тестираше.

 

Слични содржини