Во Бугарија со ПЦР тест не постар од 72 часа, во спротивно десетдневен карантин

896 прегледи

До 30. април, а стартувајќи од денес, државјаните на Бугарија или оние кои имаат постојан и долготраен престој во земјата, ќе бидат приморани да направат ПЦР тест не постар од 72 часа, во спротивно ќе мораат да бидат во десетдневен карантин.

Карантинот би можел да биде укинат во случај на негативен резултат на ПЦР-тестот кој ќе биде извршен 24 часа по пристигнувањето во земјата, соопшти бугарското Министерство за здравство.

Одлуката е донесена врз основа на вчера издадениот налог од страна на министерот за здравство Костадин Ангелов.

Директорите на регионалните здравствени инспекции можат да го укинат карантинот на соодветни групи лица кои пристигнале во Бугарија во периодот од 29 јануари до 1 февруари.

Услов е граѓаните да приложат документ кој покажува негативен резултат на ПЦР-тестот спроведен во рок од 24 часа од стапувањето во сила на оваа наредба. Во тие случаи карантинот се укинува во рок од 24 часа по поднесувањето на документот.

Слични содржини