Во Челзи без финансиски санкции ако не се пласираат во ЛШ

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Челзи нема да губи пари ако не се пласира за Лигата на шампионите.

„Сините“ заостануваат од четвртиот Тотенхем осум поени само неколку круга пред крајот и само чудо може да ги врати во борбата за топ-турнирот во Европа.

Понекогаш водечките клубови внесуваат клаузули во договорите на своите играчи, според кои тие ќе добијат пониски плати доколку тимот е надвор од четирите, но нема такви работи со тимот од Лондон.

Така, Еден Азар ќе продолжи да заработува 200.000 фунти неделно, а неговата плата може да скокне до 300.000 неделно ако се согласи да го обнови договорот со тимот на Стемфорд Бриџ.

Челзи може да ја спаси сезоната, ако го освои ФА Купот каде што во полуфиналето игра против Саутемптон. Ако ова се случи, играчите ќе добијат бонуси.

Слични содржини