Во Чешка се поплавени 207 места

од Milan1
12 прегледи

Чешкиот премиер Петр Фијала денеска изјави дека во Чешка се поплавени 207 места и дека ситуацијата е најтешка на југот на земјата, поточно во Лужница, Малша и Бланица.

По седницата на Централната комисија за поплави, тој рече дека дождот во споредба со претходните денови врне помалку, но предупреди дека може да има нагли несакани реакции на водотеците поради презаситеност на земјиштето.

„За жал, многу тешки денови за многу луѓе продолжуваат. Ситуацијата на притоката Нежарка до Весела над Лужница и понатаму до Лужница по сливот на двете реки останува комплицирана. Врвот се очекува во вечерните часови”, напиша Фијала на својот профил на мрежата Икс.

Тој побара од населението да не излегува во центрите на градовите и повика на внимателност и одговорност. Една жена загина во поплавите што ја зафатија Чешка, давејќи се во реката Красовка кај селото Крашов, во областа Брунтал, додека седум лица се водат како исчезнати.

До среда, според метеоролозите, дожд ќе врне на југот на Чешка, а загрозени подрачја се Лужница, Малша и Отава, додека во Јесеник наврнале 500 литри дожд на метар квадратен.

Слични содржини