Чешката полиција ги идентификуваше речиси сите жртви на вчерашниот масакр во центарот на Прага. Според чешките медиуми, последните информации говорат дека загинале вкупно 14 лица, а еден од нив е напаѓачот.
„Полицијата веќе го знае идентитетот на сите жртви на пукањето на Универзитетот. Има 13, а четиринаесеттиот загинат е напаѓачот“, изјави првиот потпретседател на чешката влада, Вит Ракушан. „Чешката полиција секако е во контакт со преживеаните, секогаш со понуда за психолошка кризна интервенција“, додаде тој.
Меѓу загинатите нема странски државјани, но меѓу повредените има неколку.
„Меѓу повредените има тројца странски државјани“, рече Ракушан.
Според него, МНР ги проследува информациите за нив до амбасадите во Чешка.
Чешкото министерство за внатрешни работи на мрежата Х објави дека меѓу загинатите странски државјани има еден државјанин на Холандија и двајца државјани на Обединетите Арапски Емирати.
Воведени посебни мерки
Полициските превентивни мерки по пукањето на Универзитетот во четвртокот ќе траат во Чешка најмалку до први јануари, рече Ракушан.
Премиерот Петр Фиала на социјалната мрежа X повика на чувствителен и внимателен пристап кон трагедијата која се случи во четвртокот на Филозофскиот факултет, да се воздржат од брзи судови и да не се шират непроверени информации. Тој уште еднаш се заблагодари, меѓу другите, на оние кои активно учествуваа во обезбедувањето да нема повеќе жртви – полицијата, болничарите и сите останати.
Филозофскиот факултет најави деканско отсуство до 2 јануари. Вработените се уште не можат да ги земат своите работите во зградата, пишуваат чешките медиуми.
Први информации за жртвите
Во меѓувреме пристигнуваат и првите информации за жртвите. Засега се знае дека е убиена една професорка, но нејзиниот идентитет се уште не е познат.
Музиколошкиот институт извести дека ниту неговата директорка Ленка Хлавкова не го преживеала вчерашниот напад.
„Врз основа на проверени информации од семејството и со нивна дозвола, известуваме дека нашата колешка и директорка на Институтот за музикологија, Ленка Хлавкова, не го преживеала вчерашниот напад. Изразуваме длабоко сочувство до сите загинати, а пред се до семејството. Ова е крајно шокантна вест за сите нас. Да си останеме меѓусебна поддршка“, наведоа од Институтот за музикологија.