Повеќе од десетин ѕвезди ќе настапат на концертот во чест на музичката легенда Принс, два дена по доделувањето на Греми, објави CNN. Концертот „Let’s Go Crazy: The Grammy salute to Prince“ ќе се одржи на 28 јануари во Лос Анџелес.
Ѕвездената постава на изведувачи, кои ќе пејат во чест на Принс, се состои од: Џон Леџенд, foo Fighters, Алиша Кис,Хуанс, Coldplay, и Eart, Winf & Fire, како и многу други.
Пејачот на хитот „Purple Rain“ освои седум Греми, а за наградата бил номиниран 38 пати, објави американската Академија за дискографска уметност и наука.
Принс почина на 21 април 2016 година, неколку недели откако најави дека ќе ја објави автобиографската книга.
Неговата автобиографија „The Beautiful Ones“, објавена минатата година, е комбинација од неговата недовршена книга со оригинални фотографии, записи од бележниците и текстови од песни.