Иако церемонијата за пуштање на мост во Данска во употреба е закажана за 22 септември, минатиот вторник беше откриено дека тој е еден метар покус.

При поставувањето на последната секција на мостот, работниците забележале дека таа не може да ги поврзе двете страни, затоа што е покуса за еден метар,
Поканите за церемонијата се испратени во општината Есбјерг, а мостот поминува над канал во близина на градот Једстед.
„Ние нарачавме мост што ќе поминува од едната на другата страна од каналот, Но, тој не го прави тоа, а како изведувачите ќе ја поправат грешката е нивни проблем“, вели директорот за технологија и животна средина во општината.
„Нашите советници и инженери истражуваат како дошло го грешката, а работат и на солуција за проблемот. Некој не измерил добро, но ни ветија дека се ќе биде во ред за отворањето“, додава тој.
Дали решението ќе биде трајно или привремено се уште не е одлучено.