Во девет градови нема заболени од коронавирусот

од Берта Китинска
163 прегледи

Два дена во земјава нема ниту еден регистриран смртен случај од ковид 19.

Девет општини, пак, во моментов се без активни случаи: Кавадарци, Свети Николе, Берово, Пехчево, Дојран, Демир Капија, Богданци, Пробиштип и Ресен.

По 1 активен има во Македонска Каменица, Македонски Брод, Крушево, Валандово, а по 2 во Гевгелија, Крива Паланка, и Дебар.  Штип, Велес, Неготино, Демир Хисар и Кратово имаат по 3 активни случаи на коронавирусот.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.