Во ДУИ се сигурни дека Османи влегува во вториот круг од претседателските избори

од Nikola Popovski
315 прегледи

Првите анкети на партијата ДУИ покажуваат претседателскиот кандидат Бујар Османи ќе биде сигурен учесник во вториот круг од изборите, нагласил министерот за економија и висок функционер на ДУИ, Крешник Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања.

„Во делот на претседателските избори првичните анкети велат дека нашиот кандидат Бујар Османи има голема предност пред Арбен Таравари. Сакам јавно да информирам, тој е многу блиску до влез во вториот круг со некој од останатите претседателски кандидати“, кажа Бекташи.

Запрашан дали има желба да остане министер за економија, Бектеши рече дека најважно е да победи идејата на ДУИ.

„Најважно е да победи идејата на ДУИ, а не јас дали ќе бидам министер. Во моментот кога ќе победи ДУИ, ќе биде добро за граѓаните на државата. Опциите се отворени до крајните рокови кога се поднесуваат листите, имаме наш кандидат за претседател кој прави одлична кампања, тој е најподготвен и најискусен во областа на меѓународната политика и безбедносната политика“, рече Бектеши.

Во првиот круг кој ќе се одржи на 24 април, на гласачкото ливче ќе се најдат две жени, универзитетски професорки од кои едната е пратеник и петмина мажи, актуелниот претседател, тројца градоначалници и еден министер.

Ждрепката за листата на кандидати на гласачкото ливче ќе се одржи на 28 март, додека изборната кампања започнува на 4 април и завршува на 22 април на полноќ.

Слични содржини