Во експлозија на автомобил загина шефот на проруските воено-цивилни власти во Михајловка

од Stefanija Kuzmanovska

Иван Сушко, шефот на проруските воено-цивилни власти во Михајловка, во областа Запорожје, загина денеска во експлозија на автомобил, пренесува ТАСС.

„Шефот на воено-цивилната управа на Михајловка, Иван Сушко, загина денеска во експлозија на автомобил. Под неговото седиште во возилото била поставена експлозивна направа“, објавија руските власти на Запорожје на Телеграм.

Според Владимир Рогов, висок функционер на руските власти во областа Запорожје, Иван Сушко бил тешко повреден во експлозијата и починал во болница.

Слични содржини