Најмалку 300 лица се повредени вечерва во експлозијата во пристаништето во североисточниот кинески град Тјенцин, пренесоа локалните медиuми.

Потресот од експлозијата се почуствувал на далечина од неколку километри.
Централната кинеска телевизија извести дека експлозијата се случила во терминалот за бродски товар, доцна вечерва по локално време, и дека се повредени непознат број луѓе. Веста ја пренесе и јужнокинескиот „Морнинг пост“ на својот сајт.
Како што пренесуваат светските агенции, околните населби во овој трет по големина кинески град останале без струја.
Агенцијата Ксинхуа цитира еден од жителите на градот кој изјави дека заради експлозијата искрешни биле стаклата на прозорците од околните станбени згради.
Тјенцин е главното пристаниште и индустриско подрачје југоисточно од Пекинг.