Во Европскиот парламент усвоена Резолуцијата за преиспитување на одлуката на ЕУ за Скопје и Тирана

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Со 412 гласови „за“, 136 против и 30 воздржани, Европскиот парламент денеска ја усвои Резолуција во корист на започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија.

„Политиката за проширување на ЕУ е најефективниот инструмент за надворешна политика на Унијата, а понатамошното распаѓање на таа политика може да доведе до сè понестабилна состојба во непосредното соседство на ЕУ“, се вели во резолуцијата.

Резолуцијата донесена од страна на Европскиот парламент изразува разочарување од неуспехот на ЕУ да ги отвори пристапните преговори со Скопје и Тирана поради блокадата на Франција, Холандија и Данска, иако, според проценката на Европскиот парламент, двете земји ги исполниле условите за нов чекор на патот кон евроинтеграциите.

Се нагласува дека ваквата одлука е стратешка грешка и е штетна за кредибилитетот на ЕУ, но и испраќа негативен сигнал до земјите кандидати во врска со добрите односи и стабилноста во регионот, но и потенцијален ризик од други влијанија на Балканот.

Европскиот парламент жали што одлуката на Европскиот совет да не ги започне преговорите за пристапување со Скопје и Тирана ги поткопува напорите што ги вложил парламентот во процесот на проширување и Стратегијата за Западен Балкан.

Слични содржини