Во „фолксваген“ превезувале огревно дрво без документи, полицијата ги фати

од Nikola Popovski
156 прегледи

Синоќа околу 20.00 часот, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода М.А.(25) од Скопје и Н.Ќ.(47) од с.Страхојадица, скопско, откако во возилото „фолксваген венто“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација.

Претходно, на ул.„Сердарот“, откако ги забележале полициските службеници, двајцата го оставиле возилото и се обиделе да побегнат, но набргу биле фатени.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини