Во Франција отворен првиот автопат без наплатни рампи за патарина

од Nikola Popovski

Во централниот дел на Франција е отворен автопат со слободен проток, без наплатни рампи, но тоа не значи дека возењето ќе биде бесплатно, јави радиото „Франс Енфо“.

88-километарска делнуца од автопатот во департманот „Saone-et-Loire“ во централна Франција нема рампи, па автомобилите без застан минуваат низ отворени порти, каде што камерите снимаат регистарски таблички.

Патарината може да се плати електронски, или во готово на бензинска пумпа на тој автопат. Корисникот има 72 часа да ја плати патарината, во спротивно следуваат казни.

Целите на воведувањето на овој тип на автопат е за да се избегне сообраќајниот метеж, да се заштеди гориво и да се намали загадувањето на издувните гасови.

Вакви автопатишта со слободно движење ќе се воведат и во други делови на Франција, а веќе постојат во Африка, Канада, САД и Чиле, додека ваков тип на автопатишта со слободно движење има во Италија, Шведска, Норвешка и Португалија.

Слични содржини