Во Газа убиени двајца израелски командоси

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека уште двајца нивни војници загинале во борбите во Газа. Со тоа вкупниот број на загинати од израелската страна во борбите внатре во појасот достигна 44. Бројот на загинати Палестинци надмина единаесет илјади.

ИДФ ги именуваше војниците како припадници на бригадата командоси, мајор Исахар Натан (28) и наредник Итај Шохам (21).

ИДФ утринава објави дека ги продолжува копнените операции во северниот дел на Газа, со серија операции на периферијата на бегалскиот камп Ал Шати, кои доведоа до запленување на оружје за кое тврди дека му припаѓа на Хамас.

Слични содржини