Во споредба со првиот квартал од 2016 година, бројот на работни места се зголемил за околу 75.000.
Оваа проценка доаѓа како резултат на одговорите на 8.000 работодавци од сите економски сектори.
Околу 77 отсто од слободните работни места се наоѓаат во западниот дел на Германија. Околу две третини, или поточно за 64 проценти од овие работни места се за невработени кои треба да имаат познавања за трговија, додека само 16 отсто од работодавците бараат високо образовани работници. За останатите 20 проценти работодавците од работниците не очекуваат посебно
образование.