Во Германија нема да има задолжителна вакцинација

од Vladimir Zorba

Откако Австрија најави воведување задолжителна вакцинација во февруари, во соседна Германија истакнуваат дека такво нешто нема да воведат во таа земја.

„Такво нешто нема да се случи во Германија“, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за весникот „Билд“.

Нагласи дека Германија смета дека тоа не е потребно, а тешко е да се спроведе уставно и законски, пренесе Танјуг.

Политичарката од ФДП задолжена за здравство, Кристина Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата за задолжителна вакцинација не помага.

„Особено земјите со драматичен број на корона треба да се концентрираат на проширување на понудата за вакцинација и спроведување на нови мерки“, рече таа.

Слични содржини